Ковачевски ја заврши посетата на Србија

by Fokus

По неполни три дена поминати во посета на Србија, владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски авионски се врати во земјава.

Премиерот и делегацијата, до аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ги испрати српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ.

„На заминување споделивме колку се важни добрите пријателски односи меѓу двете земји, бидејќи оставаат простор за проширување и јакнење на соработката во бројни области меѓу нашите две држави. Заедно ја остваруваме нашата стратешка цел, сигурно чекорејќи по патот кон ЕУ.

Исклучително плодна посета на Република Србија. Отворени и искрени разговори со претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Граѓаните, компаниите, економски развој на нашите држави, регионот, Западен Балкан се нашиот фокус. Продолжуваме поцврсто од кога било досега со реформски процеси, стратегии, обезбедуваме европска иднина за нашите граѓани“, напиша Ковачевски на фејсбук.

 

Поврзани новости