Премиерот Димитар Ковачевски ќе го кани на средба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да разговараат за ресорите во техничката влада.

Кога таа би се одржала, Ковачевски не откри, но кажа дека тоа нема да биде помпезна лидерска средба туку нормална комуникација за да се договорат деталите за техничката влада.

-Секако дека ќе имаме состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сметам дека тоа е најнормална комуникација, во која што ќе бидат разговарани овие теми. Меѓутоа, сепак не се работи за нешто што може да има слободно толкување, се работи за законска одредба во однос на ресори и позиции коишто секои од партиите застапени во Парламентот согласно законското решение ги пополнува – истакна Ковачевски.

ВМРО-ДПМНЕ се очекува следнава недела да донесе формална одлука за учеството во т.н Пржинска влада.