Коцијанчич: Хан доаѓа во Македонија на средината на месецот

by Фокус

Маја Коцијанчич, портпаролка на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска потврди дека Хан ќе ја посети Република Македонија во средината на овој месец.

Коцијанчич потврди дека посетата на еврокомесарот за преговори за проширување на македонската држава е за да дискутира за имплементацијата на политичкиот договор од јуни/јули 2015 година, што според неговата портпаролка е „екстремно важно за земјата“.

– Нема промена кога станува збор за намерата на комесарот Хан да ја посети БЈР Македонија. Очекуваме посетата да се случи во средината на јануари. Откако сите детали ќе бидат потврдени, ние јавно ќе ја објавиме посетата. Како што знаете, интенцијата е да се дискутира за имплементацијата на политичкиот договор од јуни/јули минатата година, бидејќи ова е екстремно важно за земјата – истакна Коцијанчич.

Поврзани новости