Владиката Петар по кој знае кој пат го осуди абортусот: Не само што не раѓаме, туку ги убиваме и зачнатите

by Фокус

Иако во првиот божји благослов стои да се раѓаме и множиме, ние денеска не само што не се раѓаме туку и ги убиваме зачнатите во утробите, рече владиката преспанско -пелагонсики Петар осудувајќи го абортусот во својата традиционална божиќна порака, објави Канал 5.

Тој нагласи дека со непочитувањето на оваа божја заповед всушност се намалува популацијата, што оди рака под рака со белата чума.

– Ние денес не само што не се раѓаме, туку и убиваме, ги убиваме зачнатите во утробите, ги абортираме. И не само што не се множиме туку и се намалуваме. Не смееме ниту да помислиме, а уште помалку да го спречуваме зачнувањето на животот во утробите на мајките со контрацептивни средства или со било какви други средства – истакна владиката Петар.

Поврзани новости