Обид за обивање на канцеларијата на Шилегов

by Фокус 19:05
19:05

Минатата ноќ околу 00:30 часот непознати лица се обиделе насилно да ја обијат вратата на адвокатската канцеларија на Петре Шилегов од СДСМ. Насилниците со хебла и со клоци пробувале да ја скршат вратата, но соседите слушнале и го алармирале Шилегов.

Тој пријавил во полиција, која извршила увид на местото на настанот. Шилегов верува дека не станува збор за обична кражба, туку дека овој чин е политичка порака до него и обид за заплашување.

- Advertisements -

-Е за ова ви зборам Курирци, Латасовци и остала новинарска багро, кога лесно етикетирате луѓе и ги ставате на листи. Оштетено, не влезено. Да замолчам. Никогаш, напиша Шилегов на својот профил на Фејсбук.

Од МВР не откриваат дали станува збор за обид за кражба, бидејќи истрагата е во тек. Според полицијата, со тврд предмет било удирано по вратата од канцеларијата.

Поврзани новости