Коце им вети вработување на бездомниците

by fokus

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска одржа средба со неколку бездомни лица, соопшти неговата прес-служба.

Како што стои во соопштението, Трајановски разговарал со нив за можноста за нивно работно ангажирање, нивното претходно работно искуство и можностите за вработување.

Градоначалникот вели дека оваа мерка е многу добра за подобрување на квалитетот на животот во земјата, нагласувајќи дека во текот на минатата година се вработиле осум лица.

На состанокот активно учествуваше и претставник на Црвен крст на Град Скопје, координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој, исто така, секоја година е поддржан со 500.000 денари од буџетот на Град Скопје.

Поврзани новости