Котевски: Не значи дека ако Заев бара ТВ дуел со Груевски, тоа треба да му се исполни

by fokus

Зоран Заев повикува на многу работи, но тоа не значи дека сè треба да му се исполни, па ниту ТВ-дуел, рече за „Мета“ директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, одговарајќи на прашањето дали Никола Груевски ќе одговори на повикот на својот политички опонент, лидерот на СДСМ, и ќе прифати телевизиски дуел.

-Заев повикува на многу работи. Повикува на отворање и на редефинирање на Охридскиот рамковен договор, повикува на воведување двојазичност на целата територија на државата. Но, тоа не значи дека сè треба да му се прифати и да се исполни, па така и ова, изјави Котевски.

Лидерот на СДСМ од почетокот на изборната кампања, неделава, неколкупати го повика Груевски на телевизиско соочување, но не доби одговор од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости