Во понеделник треба да стартува судењето за „Тврдина“

by fokus 13:42
13:42

Во понеделник на обвинителна клупа треба да седнат седумината вработени во УБК, обвинети во случајот „Тврдина“, кои од Специјалното јавно обвинителство ги гонат за уништување на службена документација, поврзана со нелегалното прислушување.

-Судечкиот судија кај кого беше распореден обвинителниот предлог на Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) против 7 лица осомничени за кривичното дело „Фалсификување на службена исправа“, од чл.361 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ по добивање на предлогот, оформи предмет со К.бр.1905/16 и закажа рочиште за 28.11.2016 година во 11:30 часот за кога се испратени покани до странките во постапката заедно со примерок од обвинителниот предлог, информираат од Основниот суд Скопје 1.

- Advertisements -

На обвинетите ќе им суди судијката Лидија Петровска, која се споменуваше во едена од „бомбите“ на СДСМ. Петровска се споменува во разговор наводно воден меѓу судијката Софија Лаличиќ и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „Сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Поврзани новости