Спасоје од Скопје втор на интернационален избор за мистер: Македонците се понадарени од Индијците!

by fokus

Моделот и кик боксер Спасоје Кликовац (20) од Скопје, на Македонија и го донесе второто место на машкиот избор за убавина ,,Супер модел јуниверс’’ кој што неодамна се одржа во Софија, соседна Бугарија. Вели дека и покрај тоа што го освоил второто место, сепак се чувствува како победник, бидејќи титулата му „побегнала“ само за еден поен.

„Во конкуренција од 28 модели од целиот свет, машки се борев за титулата, но претставникот од Индија имаше повеќе среќа, и само за еден бод успеа да ми ја зеде победата. Но тоа е веќе завршена приказна, можам да кажам само дека ние, македонците сме далеку каде понадарени од Индијците, во секој смисол на зборот. И по убавина, шарм, конструкција…

thumbnail_spasoje-k2Знам дека и жири комисијата доста се двоумеше баш околу тој еден бод, но и второто место ми отвора многу врати во светот на моделството. Понуди веќе пристигаат, ме забележаа повеќе модни агенции, се надевам на успешна кариера. Третото место му припадна на претставникот од соседна Србија, и конкуренцијата беше доста силна. На сите ни беше јасно дека не може секој да биде Мистер, па затоа целата манифестација мина во пријателска атмосфера.

Горд сум на успехот што и го донесов на мојата земја, бидејќи сите сме сведоци како Македонија учествува на голем број на избори за женска убавина, но речиси секогаш нашите девојки завршуваат на последните места.

Се надевам дека во некоја наредна прилика, ќе освојам и прво место, постојано вежбам, се грижам за изгледот и решен сум да успеам“ – вели Спасоје, кој што веќе добил понуди од модни агенции од Истанбул и од Париз.

Ова беше негово прво претставување надвор од земјава. Покрај второто место, тој ја освоил и титулата Мистер перформан, односно момче со најдобар стил.

Вики Клинчарова

Поврзани новости