469
Специјалното јавно обвинителство е партиска испостава на СДС, која има цел да крева димни завеси секогаш кога Зоран Заев прави пазари со националните и државните интереси, изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Целта е елиминација или ослабување на ВМРО-ДПМНЕ и слабеење на држата. Гревот поради кој се води оваа хајка против ВМРО-ДПМНЕ е тоа што не отстапуваме од одбрана на државните и национални интереси – рече Костовкси.
Тој како пример го посочи случајот ТНТ, бидејќи, според него, целата постапка на уривање на „Космос“ е законска.