Димитров на средба со австрискиот колега Курц во Виена

by Фокус

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на австрискиот шеф на дипломатијата, Себастијан Курц, утре ќе престојува во работна посета на Република Австрија.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, предвидено е Димитров да се сретне и со членови на Комисијата за надворешнa политика во австрискиот Национален Совет, како и со претседателот на Комората на индустријалците на Австрија.

Поврзани новости