619
Господинот “криминален канцер”, кој така го ословува нивниот сегашен коалиционен партнер Мухамед Зекири, не го чувме како кажува барем еден збор за терасата на ВМРО ДПМНЕ кога ДУИ беше на власт со ВМРО, реагира Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во однос на изјавата на Груби дека треба да се урне и терасата на ДПМНЕ зашто, според него, е дивоградба.
„Не е проблем стреата, туку е проблем што 4 години имаа со СДСМ и си ќутеа, па еве ако било дивоградба што не ја срушеа. Ај што се слика со погрешни споменици господинот канцер, туку се служи и со погрешни тези. Очигледно многу кафиња испил во Мериот. Обично вицепремиер се фали што ќе изгради, не што ќе сруши“, вели Костовски.