Груби најави уривање на терасата на ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Првиот вицепремиер Артан Груби вечерва изјави дека треба да се урне и терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ затоа што е дивоградба. Тој на Сител изјави дека уривањето на дивоградбата пред „Мавровка“ било барање и на ДУИ.

-Не ја донесе премиерот оваа одлука, ја донесе владата како колективно тело и тоа беше дел уште од преговорите како наше барање. Приоритет ќе ни биде владеење на право и неселективна правда. Мора да се почитува законот и ќе видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка – рече Груби.

Поврзани новости