Костадиновски по повод 8. Септември: Највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава

by irena 10:12
10:12

По повод 8 Септември – Денот на независноста, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, упатува честитка до сите граѓани.

„Почитувани сограѓани,

Независноста е избор направен во еден историски момент, тоа е нашата колективна гордост. 8 Септември е симбол за истрајноста и потсетник за сите генерации, посветено да придонесуваме за иднината на Републиката.

Љубовта кон татковината не се изразува само со почит кон минатото, туку и со одговорност кон сегашноста, преку почитување на Уставот, силни институции и доследно владеење на правото.

Денес, највисок чин на патриотизам е бескомпромисната посветеност на правната држава и на принципот дека правото мора да важи подеднакво за сите.

Нека ни е честит 8 Септември – Денот на независноста!“ се вели во честитката на Костадиновски.

Слични вести