Косово со први девет случаи на Омикрон

by fokus

Во Косово е регистрирана новата варијанта на коронавирусот Омикрон, во вкупно девет случаи досега, соопшти Косовскиот институт за јавно здравје.

Во лабораторијата за молекуларна микробиологија на Институтот вчера биле тестирани 22 позитивни примероци собрани во периодот од 15 до 25 декември, од кои за девет е потврдено дека се Омикрон.

Два случаи се регистрирани кај лица кои дошле во Косово од САД, два кај лица од Лондон и еден од Франција. Четири случаи се потврдени кај лица од Јужна Митровица и се работи за лица кои тврделе дека не патувале никаде ниту имале контакт со лица кои не се од Косово.

Поврзани новости