Коневски: За вонредниот конгрес имаме поддршка од две третини од делегатите, ќе го поканиме и Мицкоски

by fokus

Ивица Коневски од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на ТВ 21 рече дека конгерсот кој тие го закажаа во март ќе биде легитимен, зашто е поддржан од две третини од делегатите.

-Вондреден конгрес го сочинуваат сите делгати од последниот конгрес. Потребно е две третини од тие 500 делегати да учествуваат во вонредниот конгрес за тој да биде легитимен. Ние таа поддршка веќе ја имаме и затоа го закажавме вонредниот конгрес. Целта е да се бара одговоротст од актуелниот претседател за изборните порази, идејата е да се дискутира ќе биде поканет и претседателот. Доколку ги убеди дека тој не е виновен за поразите. Се надеваме дека партијата ќе излезе уште посилна и целта е обединување и партијата да се врати на победите, на старите патеки кајшто заслужува. Видовме дека во минатото партијата ја водеше државата во еден вистински правец и се надеваме дека ќе се вратиме на таа победничка партија, рече Коневски.

Поврзани новости