Каталонија ја повикува ЕУ да го забрза одобрувањето на руската вакцина

by fokus

Вршителот на должност шеф на регионалната Влада на Каталонија, Пере Арохес, денеска ги повика европските власти да го забрзаат одобрувањето на нови вакцини против Ковид-19, како што е руската Спутник V.

Шпанија, заедно со поголемиот дел од Европската унија, се соочува со доцнење на испораката на три вакцини кои веќе се одобрени од Европската агенција за лекови, а се произведени од „Фајзер“, „Модерна“ и „АстраЗенека“. Иако стапките на инфекции се помали од врвот во јануари, 40 проценти од сите кревети за интензивна нега сè уште се зафатени со пациенти болни од Ковид-19.

Во Каталонија, пополнетоста е близу 45 проценти, а Арахонес вели дека таквата состојба е неодржлива на среден рок.

„Ги повикуваме европските власти да ја забрзаат проценката на вакцините, на пример Спутник, што може да има големо позитивно влијание, рече тој.

Резултатите од студијата во доцната фаза објавена овој месец во меѓународното медицинско списание „Лансет“, кои беа прифатени од научници на меѓународно ниво, покажаа дека руската вакцина е скоро 92 проценти ефикасна во спречување на симптомите на Ковид-19.

Поврзани новости