Колегите се простуваат од Петрушевски: Замина легендата на Драмски, нека ти е лесен патот кон светлината

by fokus

Македонија е денеска во шок, откако почина легендата на македонското глумиште, Ванчо Петрушевски. Тој почина на 67-годишна возраст и беше еден од доајените на театарот во Македонија.

Колегите се уште во неверување, се простуваат од него на социјалните мрежи.

„Кога ќе си отиде глумец од моето детство, како да си оди и дел од мене. Дел од она кон кое сум се стремел. На кое сум завидувал и бескрајно го почитувал. Ванчо, беше баш таков. Но кога ќе си отиде глумец, знаеш дека неговите одиграни улоги ќе останат за навек….нека Ти е лесен патот кон светлината Ванчо….“, напиша актерот Рубенс Муратовски.

„Ване!!!

Која ми јавија, прво што помислив беше дека и ова е една од твоите шеги. За жал, се излажав.

Замина една од најголемите легенди на Драмски!!!
Пријател, колега, брат!
МАКЕДОНЕЦ!!!

Почивај во мир и Бог да те прости!!! Се гледаме, онаму!!“, се огласи екс-директорот на Драмски факултет, Роберт Вељановски.

Поврзани новости