Струен удар е најверојатно причината за смртта на Петрушевски

by fokus

Актерот Ванчо (Иван) Петрушевски починал од струен удар, неофицијално е информацијата до која дојде „Фокус”.

Настанот се случил денес, во Орешани, а полициските екипи моментало биле присутни на увид на самото место. Од МВР велат дека сеуште не можат да откриваат детали, бидејќи увидот е во тек.

Веста дека познатиот глумец трагично го изгубил животот ни ја потврди неговиот колега, актерот Сашо Тасевски. Повеќе детали за настанот наскоро.

Поврзани новости