773
Здружението на граѓани ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, организира настан за прибирање на средства за жените кои се кориснички на нивните услуги.
Настанот ќе се одржи во BackYard Lounge Bar & Kids Area, локал во центарот на Скопје, и ќе содржи разновидни активности како турнир во мал фудбал, кошарка, продажба на донирани уметнички предмети и предмети изработени од клиенти на ХОПС, ќе има и креативни работилници за деца. Исто така, настанот ќе го збогати и промоција на изданието на мандали за возрасни Симона Манчевска, а крајот на денот е резервиран за кароке забава со Огнен Јанески. Собраните средства од овој настан ќе овозможат континуирана едукација за правна помош и поддршка во текот на целата година.
-Која пудра најдобро покрива модрици? Оние модрици физички и психички, особено кај оние кои се најмаргинализирани? Модрици кои сакаме да не се случуваат повеќе, затоа сакаме да Ве замолиме за донација на ваше дело, ваучер, фотографии, слики, книги, накит и на први Јуни 2019 да станете дел од настанот за прибирање средства за жените кориснички на услуги на ХОПС.
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е здружение на граѓани кое од 1997 година активно ги спроведува своите програми и активности во Скопје и во останатите градови во Република Македонија. Во своето делување ХОПС помага кон подобрување на статусот на корисниците на дрога и сексуалните работници, како и на сите останати маргинализирани групи во општеството и во тој контекст сите тие се директни корисници или целни групи во работењето на здружението – информираат од ХОПС.
Сите кои сакаат да се вклучат со донација на свое дело, истото можат да го донираат најдоцна до 15-ти мај, а треба да биде доставено на Ул. Христо Смирненски бр. 48/1-6, 1000 Скопје, секој работен ден од 8 часот до 16 часот. За секое дело треба да се остави име и презиме, контакт мејл и телефон и наслов на делото доколку има. Оние кои се можност, можат да донираат на следната жиро сметка: 270000000137627 – Халкбанк – АД Скопје За настан „Која пудра најдобро покрива модрици? ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
-Ајде заедно да помогнеме и да ги охрабриме овие жени, мајки, другарки да се борат за себе и своите човекови права кои треба да се еднакви за сите – порачаа од здружението.
Вики Клинчарова