Каде е син ми Костадин?, ечеше пред ВМРО-ДПМНЕ додека Костадинов држеше прес

by fokus

Од ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидоа да ја опструираат прес конференцијата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов. Додека тој зборуваше пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, во позадина ечеше компилација од строфата „Каде е син ми Костадин“ препеана од повеќе музичари и измиксана со „I’ve got the power!“.

Костадинов инаку зборуваше за луксузните лустери од Белата палата, кои со одлука на Христијан Мицкоски биле донирани во цркви и манастири.

„Зад мене е луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, симболoт на криминалот и корупцијата на режимот, изграден во времето на најголемата сиромаштија во земјава. Од овој луксузен дворец, деновиве се вадат луксузни, вредни предмети и истите наводно се донираат под крајно сомнителни околности. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери? Дали и каде, во кој финансии извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка? Да потсетиме, имтот е замрзнат заради судски предмет пред надлежниот суд а во ек на кампања не се дозволени донации. Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните сега се шверцува на сомнителен начин? Еве шанса и за Гордана Сиљановска, која сака да зборува за правото, да се изјасни за лускзусните лустери и обидот на ВМРО-ДПМНЕ замрзаниот имот да го прошверцува“, рече Костадинов.

Поврзани новости