Koj ќе нѐ спасува нас, ако паднеме на грчко дереџе?

by lali

Текстот е објавен  во 775. број од неделникот „Фокус“ на 7 мај 2010 година.

Моите први сеќавања на Грција датираат одамна. Како низ магла го гледам брегот во Паралиа, на кој имаше две таверни, една чешма и црква во далечината. Ништо особено, како и куќата, впрочем, во која некој Јоргос издаваше соби за гостите, претежно од нашава Македонија.

Со просечните плати на моите родители, ние не бевме некои растрошни туристи, како што денес сакаат да подлажнат некои забегани ,леви, сили, во трагикомичниот обид за претставување на СФРЈ и нејзиното време како неспоредливо подобро од ова што го живееме денес. Со две просечни плати, човек и денес може да помине десет дена крај Катерини, само што тамошните апартмани сега веќе не се подеднакво лоши, а тој, сепак, не ќе може да си плати подобро од просечното, кое тогаш, во далечната 1969-та беше доминантно. Денес и тој дел од Грција е промент до непрепознатливост. На подобро, секако, за разлика од нас, кои, освен пет-шестте добри години во 70-тите, постојано одиме удлоу!

Од тоа врме на воената хунта, ги помнам вредните и чеси Грци. Беа гостољубици, срдечни, врќаа кусур до последната драхма, дури трчаа по нас, кога крај некоја тезга ја бев заборавил мојата нова топка. Толку помни петгодишно дете.

Подоцна, со падот на режимот на полковниците во 1974-та, кој очигледно го беше научил на ред, опаѓаше и степенот на грчката дисциплина. Чинам во седумдесеттите почна делењето бонови за бесплатен бензин во Грција, со кој туристот можеше да појде и да се врати од Атина. Тогаш ја видов нашата, а, богами, и грчката снаодливост. Ако боновите вредеа 100 марки, Гркот на пумпата не точеше бензин , туку во замена за нив нудеше кеш од 50-60 марки, зависно од умешноста во ценкањето. Јорго си го наплаќаше остатокот од државата, која погрешно мислеше дека и нашите ќе ги кандиса да прошетаат под Акропол, наместо со тие пари да си го платат сместувањето во апартмантите. Да, и тогаш се вадеа визи за Грција. После големи турканици пред грчкиот конзулат во Скопје, каде често пати царуваше и пендрекот на прочуениот милиционер Цветко. Толку за ,златното, време по кое толку некритички се кука до ден-денешен!

Не минаа ни три години од нивниот влез во ЕЕЗ, сегашна ЕУ, а Грците веќе се распиштолија. Во таа 1993 година, кај нас веќе се штедеше бензин, а домаќинствата добиваа темно-сини бонови за нафта. Тие, пак, едвај велезени, веќе стигнаа да претседаваат со Унијата. Очигледно, Грција е вистинскиот победник во геостратешкиот шах на Балканот во втората половина од минатиот век. За разлика од ,генијалниот, Броз, кој заспа на илузијата за СФРЈ, како некаков трет центар на светската моќ, грчките водачи не се подмочуваа на кичерајските дочеци на африкнските диктатори, ами на време го фатија европскиот воз. Да, неспоредливо поумешно од него играле и на руската карта. Штом нешто не им било по ќеф, се заканувале ос излегување од НАТО, од ЕУ, кокетно вртејќи со опафчето кон Москва.

Без оглед и на западната помош од самите грчки почетоци, преку освојувањето на егејскиот дел од Македонија, па се до неговото конечно завладување во 19949-та. Без оглед на сѐ, таткото на денешниот Папандреу оддавал почест на вдовицата на Аљенде, го критикувал Израел за сметка на Арафат… Да не зборувам за направијата наречена ,17 Ноември, која до скоро убиваше Американци и проамерикански Грци низ улиците на големите градови, иако и врапчињата знаеја дека сето тоа го прави со премолчен благослов на грчките власти. Ете, со таква политика, Грција беше и остана миленик на Западот. Пред сѐ на Америка, секако, на која ѝ требаше нејзината географија. Се разбира, Вашингтон дебело плаќаше за грчкото сојузништво. На почетокот само, додека Европа повторно не застана на нозе, з ада ја прими Атина на својата цицка!

Резултатот е очигледен. Според разни податоци, Титовата ѓоа независнот го чинеше Западот меѓу 50 и 100 милијарди долари во помош и поволни кредитит до смртта на Тито. Во Грција, исто така, е вложено многу од нејзниот влез во НАТО и ЕУ, меѓутоа, видете колку се разви таа, а како заврши СФРЈ. Стигнала до банкрот? Го загубила угледот кај сојузниците? Ве молам, па уште Линдон Џонсон на грчкиот амбасадор во Вашинготн му порачал , дека баш го ,боли за грчкото собрание и вашиот устав, оти за разлика од Кипар и Грција, кои се болви, Америка е слон, кој жестоко може да ги ѕвекне со сурлата, доколку продолжат кавгите со Турција во 1964-та година. Но, Грција и тогаш не била оставена на цедило. Како и денес, впрочем, кога не верувам дека и Обама има некое многу подобро мислење за нив од Џонсон, а сепак врти телефон на Меркел и инсистира на 110 милијарди итна помош за Грција.

Бездруго, Атина не е некоја голема сила, но, очигледно, таа нема нешто особено против третманот, да биде ,палаво дете, кое слободно може да прави што сака, свесно дека секогаш некој друг ќе ги исчисти неговите кашканици.

Нејзиниот влез во глобалниот свет ѝ дава чудна моќ. Западот денес не ја спасува толку неа, колку што истовремено ги спасува и своите капитали. Каква полза би имале тие од пропаста на Грција? Мртвиот должник не е должник. Грците ќе мора да се откажат од досегашниот начин на живот? Чудо големо. Ќе останеле без бонусите за Божиќ и Велигден, во висина на две екстра плати, а, замислете, и пензионерите многу ќе се претргнеле, оти веќе нема да имаат просечни пензии, во големина на просечните плати. Па, такви удобности нема ниту во Данска и Австрија, а за Титовите пензионери ич муабет не правиме!

Да, Германија ќе го плаќа грчкото луксузирање, кое таа не може да им го обезбедни ниту на своите пензионери. Како што Брисел си плаќаше по три пати за еден ист километар (не)изграден автопат, за Атина да не ја срамоти Европа со евентуалниот лош домаќинлук на Олимписките игри. Германија ќе плаќа најмногу, без оглед што завчера Пангалос ја нарекуваше економски џин со мозок на политичко џуџе, а речиси денес ѝ вртеше уши заради нацистичкото минато. Уште повеќе, и политичка подршка ќе ѝ даде, па нашето претседателство со Советот на Европа нема да се нарекува македонско, оти разбира се, Грците дури сега не смеат да бидат дополнително понижувани. Ебати среќата и умот на сите наши геостратешки мислители, кои тамам почнаа да нѐ убедуваат дека баш сега му е мајката…!

Горе-долу, тоа е приказната за вистинските итарпејовци на Балканов. Нормално, и нивните мудролии нема вечно да траат, меѓутоа, мене ме плаши тоа што нашите воопшто не ни почнуваат. Затоа, во оваа ситуација, многу поумно би било да се прашаме, кој тоа би нѐ спасувал нас, ако паднеме на грчко дереџе? Цехот што ќе го плаќаат тие, ќе биде неспоредлив со оној што не дај Боже би го плаќале ние, без оглед што не стигнавме ни до супата од европскиот казан. Велам, барем тој напор да го сториме, штом очигледно сѐ уште не сфаќаме дека од богатиот Грк, поопасен на јужната граница може да биде само сиромашниот Грк.

Поврзани новости