Кој го згреши датумот на протестот за „Монструм“, досегашниот организатор вели дека МВР шири лажна вест, од министерството го демантираат

by fokus

Откако за денеска беше објавено дека ќе се оддржи протест за случајот „Монструм“,за што МВР најави посебен сообраќајен режим, досегашниот организатор Блерим Ахмеди го обвини МВР дека шири лажна вест, бидејќи протестот е закажан за 2 април. од МВР пак демантираат и велат дека Ахмеди за денеска го пријавил протестот.

-Mинистерството за внатрешни работи ја демантира лажната објава на социјалните мрежи на лицето Блерим Ахмеди дека наводно МВР сакало да го доведе населението во заблуда со објавата за најавениот протест за денеска во 13.30 часот. Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење.

Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста, се вели во реакцијата на МВР.

Поврзани новости