Заев: Има една предност од тоа што кај нас доцнат вакцините, утврдивме дека вакцините се здрави

by fokus

Премиерот Зоран Заев очекува граѓаните масовно да ги прифатат вакцините, откако вчера беше потврдено дека в недела ќе пристигнат 24.000 вакцини на „Астра Зенека“ преку механизмот Ковакс.

-Има една предност што сме, така да кажам, земја со задоцнување со вакцините. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, а од тоа може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави, треба да ги користиме сите. Колку час поскоро се вакцинираме сите, толку поскоро ќе ја победиме оваа грозна пандемија која како што го смени животот во целиот свет така и во нашата земја. Верувам дека ќе го испочитуваме редоследот кој е даден од страна на здравствената комисија, а тоа се, покрај здравствените работници, повозрасните луѓе, хронично болните. Тука се приоритетите на попишувачите кои треба да тргнат. Секако дека треба да водиме грижа за нашата полиција, војска, тоа се секако групи, но понатаму, согласно она што значи препорака од страна на здравствените комисии, да го следиме тој процес и да бидеме одговорни, рече Заев.

Премиерот најави дека веројатно овие денови ќе стигнат и други количини вакцини по други механизми, но рече дека не сака да соопшти предвреме.

Поврзани новости