Биографија на в.д. директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски

by fokus

Новоименуваниот в.д директор на Државниот Завод за статистика, Апостол Симовски е дипломиран економист, роден на 28.08.1961 година.

Апостоловски поседува неколку дипломи од специјализирани обуки организирани од Бирото за попис во САД, меѓу кои: Обуката за планирање на пописни активности, одржана во Вашингтон  во 1996 година, Обуката за контрола на квалитетот на податоците, одржана во 2001 и Обуката за подготовка на проекции на населението, одржана во 2005 година.

Тој е истакнат и докажан професионалец со 26 годишно работно искуство во својата професија и на позицијата директор доаѓа од позиција на виш соработник во секторот за деловни статистики, земјоделски статистики и статисики за животна средина во Државниот завод за статистика.

Претходно работел како советник во секторот за информатичка поддршка и одделението за методологии и како раководител на секторот за социјални статистики, одделението за демографија, а од 2005 до 2006 година бил и директор на Државниот завод за статистика.

Објавени се и неколку негови позначајни трудови од областа на статистиката меѓу кои: “Проекции на населението во Република Македонија до 2020 година, по возраст и пол“ објавен во 2008 година, „Демографски трендови во Република Македонија 1948-2001 година“ објавен во 2002 година и други.

Поседува огромно искуство и знаење во активности поврзани со спроведувањето на попис на населението, домаќинствата и становите во 1991, 1994 и 2002 година  како и во активности поврзани со проценка населението во периодот меѓу пописите, краткорочни и долгорочни прогнози на населението и е познат како член на тимот кој ги изработил првите проценки на населението во Р.Македонија.

Член е на експертската група во Советот на Европа за проектот „Демографски последици од економската транзиција во земјите од Централна и ИсточнаЕвропа“ и EAPS (Европската асоцијација за студии за населението) и учествувал на многу меѓународни работилници и состаноци организирани од Еуростат, Обединети Нации и други меѓународни организации.

Поврзани новости