Кои холивудски ѕвезди го слават православниот Божиќ?

by Фокус

Повеќето холивудски ѕвезди го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар на 25 декември, но некои од нив го слават православниот Божиќ.

Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон, кој е роден е како Јанис Анастасакис на Крит.

Манекенката Наоми Кембел станала верник во Руската православна црква додека била во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин.

Кога по вторпат се ожени со својата колешка Рита Вилсон, пак, актерот Том Хенкс реши да стане православен. Инаку, таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка Гркинка е од Албанија.

И актерот Кристијан Бејл тргна по стапките на Хенкс и ја смени верата поради љубов кон моделот со српско потекло Сиби (Сандра) Блажиќ.

Ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло. Таа е четврта генерација емигранти од Ерменија, а нејзините предци живееле на територијата што денес е во Турција.

Поврзани новости