Кога ние бевме за НАТО, вие сонувавте за Белград и Југославија, му рече Димовски на Деспотовски

by Fokus

Кога мојата партија беше за членство во НАТО вие уште сонувавте за Белград и Југославија, му рече поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, кадар од СДСМ, во дебатната емисија 24 Анализа.

Тезата на Димовски дека македонските прашања се надгласувани во Собрание од пратениците на другите етнички заедници, предизвика расправа меѓу двајцата соговорници.

-Сакаш да кажеш дека јас сум малцинство и сум загрозен од Албанците. Во која држава живееш ти. Дали си ти загрозен од Албанците. Кажи со да или не – праша Деспотовски.

На што Димовски рече „Ти ќе ми кажуваш да или не“.

-Кога се носат одлуки кои ги тангираат културните и идентитетските прашања на Албанците мораат одлуките да поминат со мнозинство на Албанците, што не е случај кога се носат одлуки за културни и идентитетски прашања на Македонците, тие одлуки поминуваат со малцинство Македонци – рече Димовски.

Депостовски на тоа одговори дека ВМРО-ДПМНЕ е вратено не во период на Груевски, туку во период на 90тите години на минатиот век.

Поврзани новости