Отакако новата министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски започна со извршување на функцијата се соочи со опструкции и обвинувања. Нејзиниот заменик од власта, Диме Спасов, прво ги повика вработените во министерството на непослушнпст и неизвршување на задачите, за разлика од Ременски која ги повика да пријават притисоци и уцени на работното место. Потоа обвинувањата преминаа на тема кој ги партизира институциите? Не само во труд и социјала, туку и во МВР. Спасов дури и напиша статус дека тој ќе го штител министерството од партизацијата на СДСМ.
Логично е дека ако новиот министер донесе неколку соработници да му помогнат во средина во која ВМРО ДПМНЕ ги има партизирано сите слоеви, не значи партизација на институцијата. Фокус по неколку проверки стигна до следниве податоци за вработените во труд и социјала од кои произлегува дека Спасов е тој што партиски го узурпирал министерството.
Како илустрација ќе посочиме неколку примери. Раководителот на одделението за ревизија во МТСП, Ѓоко Велковски, е претседател на УМС Чаир и советник во општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Државниот советник Бобан Стевковски е член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Државен советник е и Сузана Анова, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Дарко Петрушевски е поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и државен советник. Таму е вработена и Јасмина Иванова – член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Дарко Костовски е вработен во МТСП, инаку учесник во насилните протести пред Општина Центар, како и сестрата на Директорот на Агенцијата за вработување, но и шурата на Диме Спасов е вработен во МТСП.
Списокот на партиски војници кои се во врвот на државните институции е долг. Затоа е неоправдано за власта да игра на картата партизација, особено не таквата вина да ја става на опозицијата. Пред се затоа што владеат 10 години и под контрола ја имаат буквално целата власт- и централна и локална.