СДСМ: Власта остава 1 000 рудари без работа

by Фокус 11:30
11:30

СДСМ преку соопштение ја извести јавноста дека 1 000 рудари ќе останат без работа.

-Индиската фирма Индо минерали и метали којашто раководи со рудниците за олово и цинк „Тораница“ и „Добрево“ се повлекува од Македонија. Над 1.000 рудари остануваат без работа, загрозена е егзистенцијата на илјада семејства.Задолжени со кредити и неплатени сметки, поради неисплатените плати во изминатите неколку месеци, рударите се оставени сами да се снаоѓаат како знаат и  умеат.

- Advertisements -

Рударите се револтирани и со право реагираат. Извршители само што не им затропале на врата поради натрупаните неплатени сметки и долгови. Неколкумесечната борба и штрајк на рударите за спас на рудниците, за жал не вродија со плод. Никола Груевски немаше слух за нивните маки и проблеми со коишто се соочуваат.

Никола Груевски напразно ветува виртуелни проекти и виртуелни инвестиции додека странските инвеститори секојдневно ја напуштаат земјава.Пред два месеци некогашниот Џонсон Контролс најави дека си заминува од земјава. Сега уште еден странски инвеститор ја напушта Македонија.

Поради погрешните политики на Никола Груевски бизнис климата во Македонија е UNDOING бизнис. Странските инвеститори ја напуштаат државата, луѓе остануваат без работа. Наместо да се крие од јавноста, Никола Груевски да излезе пред граѓаните и пред рударите и да одговори зошто овој странски инвеститор си заминува од Македонија? Никола Груевски им одзема 10 години од животот на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости