Пиштолот што бил најден на местото на убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев на 3 ноември во скопската населба Аеродром, бил на татко му, а не на убиецот, покажала полициската истрага за овој случај.
Според Код, непосредно пред убиството Јанушев бил повикан од осомничениот зa убиството Филип С. Кобра и добил порака – „дојди да се пресметаме“. Мартин го земал пиштолот на татко му, и излегол од зградата кај Ред кафе на улицата Владимир Комаров. Филип бил побрз од него и во главата и вратот на Мартин испукал 5 куршуми.
Код вечерва на ТВ Телма објави дека уличното осветлување на „Владимир Комаров“ се угасило пет минути пред убиството.
Филип С. Кобра, главниот осомничен за убиството на Јанушев, на 3 ноември излегол на викенд од затворот каде што издржувал казна за трговија со дрога. Неговата затворска казна требаше да заврши во јуни 2018 година. Пред убиството, Кобра се сретнал со Р. Т., исто така познато лице од скопското подземје.
Toj на Фејсбук на 3 ноември објавил фотографија од Белград каде што наводно бил за време на убиството.