Клоп во делириум: Не знам како успеавме да ја победиме Барселона

by fokus

Ливерпул и Јирген Клоп се во центарот на вниманието, откако синоќа ја „фрлија на колена“ Барселона и ја елиминираа од Лигата на шампионите.

Германскиот стручњак го надмудри Ернесто Валверде и не ја криеше радоста од постигнатиот успех.

„Пред самиот натпревар им реков на момците дека ова е невозможна мисија. И самата победа над Барселона е тежок предизвик, но да победите со сочувана мрежа? Не знам како успеавме во тоа, момците се бранеа неверојатно. Во животот сум гледал многу натпревари, но не можам да се сетам на вакви. Ќе ја памтам оваа вечер до крајот на животот“, истакна Клоп.

Поврзани новости