Кличко демантираше дека Киев е опколен од руските сили

by Fokus

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Tелеграм ја демантираше информацијата дека градот е опколен од руските сили.

Тој претходно даде изјава за Асошиејтед Прес, а ја пренесе Би Би Си каде зборува дека е потребна помош затоа што градот е опколен, но сега тој вели дека тоа било дезинформација. Тој на Телеграм напиша :

-Руските интернет публикации шират информации во врска со мене дека Киев е наводно опкружен и дека евакуацијата на луѓето е невозможна. Не верувајте во лаги! Верувајте во информации само од официјални извори“, рече тој.

Во главниот град останува во сила полициски час, а многу жители се засолнуваат во подрумите и подземните станици.

 

Поврзани новости