Оваа е година на промени. Со новата Влада на СДСМ земјоделците ќе добиваат навремени, наменски и стимулирачки субвенции, истакна потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, кој заедно со претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески, оствари средби со граѓаните од населените места Беранци, Ивањевци и Добрушево, општина Могила.
Кирацовски ги запозна граѓаните со решенијата од програмата на СДСМ и бројните инфраструктурни проекти со кои ќе се создадат основните услови за живот во овие населени места. Тој ги презентираше и мерките за вработување на младите, коишто ќе создадат услови младите да останат во родната земја и иднината да ја градат тука, во Македонија.
Во делот на земјоделието, СДСМ ќе ги зголеми субвенциите за 160 милиони евра годишно, ќе направи ревизијата на доделеното земјоделско земјиште за да го добијат вистинските земјоделци, ќе воведе зелената нафта и ќе го укине персоналниот данок на земјоделското производство до износ од 300.000 денари.
Кирацовски го повтори ставот на СДСМ дека нема услови за слободни, фер и демократски избори.
– Ние нема да дозволиме да се случат уште едни корумпирани, криминални избори! Бидејќи до 24-ти апарил, прочистувањето на избирачкиот список и регулацијата на медиумскиот простор нема да бидат апсолвирани, ние на овие еднострано закажани избори нема да учествуваме, а во таа наша намера, ќе истраеме до крај – истакна Кирацовски.