Жителите на Карпош по вторпат на протест против урбанистичките планови

by Фокус 15:57
15:57

Граѓаните на општина Карпош повторно излегоа на протест блокирајќи на улицата кај трговскиот центар Сити Мол, во знак на револт поради носењето на новиот детален урбанистички план на општината, пренесува НоваТВ.

Граѓаните бараат Општина Карпош да работи транспарентно, да ги вклучи граѓаните во процесите на донесување одлуки и да го штити јавниот интерес, а не интересот на урбаната мафија, и велат дека ќе протестираат се додека не се нивните барања.

- Advertisements -

Претходно, тие испратија и писмо до локалните власти во кое наведуваат дека Општина Карпош во ДУПот за Карпош 3 предвидува уште еден голем трговски центар, висок 30,6м на просторот спроти Сити мол каде сега има парк со возрасни дрвја и тениското игралиште.

– За да се избегне тотален хаос со паркирањето бараме да се ревидира ДУПот и предвидената висина на планираните објекти да биде условена со обезбедување на сите потребни паркинг места во сопствена парцела. Бараме градежните инспектори да излезат на терен и да постапат согласно законите во сите случаи каде инвеститорите на новите згради не го обезбедиле потребниот број на паркинг места според законот за просторно и урбанистичко планирање. Бараме Општина Карпош наместо да му плаќа на Сити Мол за паркинг места што би ги користеле жителите на Карпош кои живеат во контактните зони со молот, да ги искористи сите правни механизми и да му наложи на раководството на Сити Мол да си обезбеди бесплатен паркинг за своите посетители, како што прават сите молови во светот. Особено оние кои заради урбанистичка грешка се сместени сред станбени населби. Со тоа би ја избегнале апсурдната ситуација што ја предлага општината: жителите на Карпош “бесплатно“ да се паркираат во Сити Мол, додека пред нивните згради бесплатно се паркираат посетителите на молот од цела Македонија, јужна Србија и Косово – се наведува во писмото.

 

Поврзани новости