Кинез осуден на смрт за убиство на двајца контролори на движењето по појавата на корона вирусот

by fokus

Возачот кој со нож уби две лица во Кина, кои ги контролираа возилата во врска со епидемијата на Ковид-19, денеска е осуден на смрт, јави Синхуа.

Тоа е еден од ретките инциденти на протест поради ограничувањата на движењето и забраната за пристап до големите градови, поради што и забави растот на кинеската економија.

Ма Џингуо наишол на блокада на патот во округот Хонгхе во провинцијата Јунан на 6 февруари, а неговиот придружник се обидел да ја отстрани пречката од патот. Откако влегле во расправа и физичка пресметка со контролорите, Ма ги прободел со нож.

Поврзани новости