Кинеска ракета паѓа назад на Земјата, не се знае каде ќе заврши

by fokus 16:45
16:45

Дел од огромна ракета што го лансираше првиот кинески модул за својата вселенска станица Тијанх паѓа назад на Земјата и може неконтролирано да влезе во нашата атмосфера и да заврши во непозната точка на Земјата.

Триесет метри високото јадро на ракетата „Лонг марч 5Б“ го лансираше модулот на беспилотната „Небесна хармонија“ во ниската орбита на Земјата на 29 април од Венчанг во кинеската провинција Хаинан.

- Advertisements -

„Лонг марч 5Б“ тогаш влезе самостојно во привремена орбита, но тогаш сè беше подготвено за еден од најголемите неконтролирани повторни влезови во нашата атмосфера. Некои експерти стравуваат дека може да слета во населено место.

„Тоа потенцијално не е добро“, рече Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Астрофизичкиот центар на универзитетот Харвард, пренесува „Гардијан“.

Јадрото денеска кружеше околу Земјата на секои 90 минути со брзина од околу 27.600 километри на час и надморска височина поголема од 300 километри. Американската војска го именуваше 2021-035Б и неговиот пат може да се види на веб-страниците.

Од викендот падна за речиси 80 ​​километри надморска височина, а „Спејс њуз“ објави дека аматерските набљудувања од земјата покажале дека паѓа и е надвор од контрола. Неговата брзина го прави невозможно да се предвиди каде ќе слета кога атмосферата на Земјата на крајот ќе го повлече, иако Мекдауел рече дека најверојатен исход е да падне во море, бидејќи океанот покрива околу 71 процент од планетата.

Но, Мекдауел вели дека некои делови од ракетата ќе преживеат при повторно влегување и дека тоа ќе биде „еквивалентно на мала авионска несреќа распространета на 160 километри“.

Од 1990 година, ништо не е оставено намерно во орбитата потешко од 10 тони.

Поврзани новости