ВМРО-ДПМНЕ тврди дека скопското противпожарно возило е двојно поскапо од загрепското

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го објави договорот помеѓу Град Скопје и фирмата „Хороскоп КФТ“ од Будимпешта со скала за спасување и обвини Град Загреб истото возило го купило за двојно помала сума.

-Противпожарното возило со скала произведено од истиот производител како тоа купено од Град Скопје, истото возило Град Загреб го платил по повеќе од двојно пониска цена, односно 794.052 евра плус ДДВ. Како е возможно исто противпожарно возило со скала во Скопје да чини повеќе од двојно од тоа во Загреб? Дали скоро милион евра разлика завршила во нечиј џеб и во каква поврзаност има Петре Шилегов со тоа? Со 1.723.621 евра колку што чини набавката за противпожарното возило со скала купено од Шилегов во Загреб ќе купеле две такви возила. Фирмата која би го набавила сигурно би остварила профит, но немало да постои разликата во цени од скоро еден милион евра, изјави Владимир Нелоски, претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство веднаш да отворат случај за набавката на противпожарното возило со скала и да се истражи каде завршиле безмалку еден милион евра разлика во цена.

Поврзани новости