Кина: Казни за сите кои не ги почитуваат наредбите во борбата против корона вирусот

by Fokus

Кинеската комисија за надзор соопшти дека  најостро ќе ги казни сите државни службеници и функционери кои на своите работни места нема да ги почитуваат мерките пропишани во борбата против коронавирусот.

Во соопштението на Главниот инспекторат се наведува дека сите кои нема да ги почитуваат и извршуваат упатствата на кинескиот претседател Си Џинпинг во борбата против коронавирусот ќе бидат казнети, пренесоа британските медиуми.

Инспекторатот, исато така, наведува дека ќе биде казнет секој кој не ја извршува својата должност и ги злоупотребува средствата и материјалите наменети за спасување.

Од коронавирусот во Кина досега починаа 170 лица, а заболени се повеќе од 7.700.

Кинеските здравстени власти денеска соопштија дека вирусот се проширил во сите 31 провинција во земјата.

Поврзани новости