Се преврте камион на автопатот Тетово-Скопје-двајца повредени

by fokus

Возач и сопатник во камион се повредени откако утринава околу 6:30 часот се превртеле со возилото на автопатот Тетово-Скопје. Поради повредите сопатникот е задржан во Тетовската болница за опсервација.

-Товарно мотороно возило марка мерцедес загубило контрола, излетало и се превртело на десната страна од коловозната лента на автопатот Тетово-Скопје кај Добарски натпатник. Во возилото повредени се возачот Ф.А. (48) од Порој и Б.З. (29) од Селце. Однесени се во Тетовската болница за укажување на лекарска помош, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово. Оттаму апелираат и предупредуваат на поголема внимателност кај возачите во овој период од годината поради маглата, врнежите од дожд, појава на голомразица, како и одрони од камења.

Поврзани новости