Скопјанец починал на лице место по пад од висина

by Фокус

Денес рано наутро, во тревната површина на улицата “Френклин Рузвелт“, пронајдено било безживотното тело на М.Ј.(36) од Скопје.

Како што информираше Министерството за внатрешни работи, на телото на починатиот имало повреди најверојатно здобиени со пад од висина.

Се претпоставува дека починатото лице скокнало од една од околните згради.

Поврзани новости