Кежаровски во четврток ќе ја промовира својата прва книга „Живот во кутија“

by Fokus

Новинарот Томислав Кежаровски во четврток во 18 часот на Фон универзитетот ќе ја промовира својата прва книга „Живот во кутија“.

„Целта е таму некаде далеку, ама може да стасаме ако одиме кон неа по добро исцртани патеки. Мора да бидеме едни до други. Нема вакви и онакви, нема наши и ваши. Неправдата постои откако е создаден светот. Тешко се победува, но тоа не значи дека треба да се откажеме од потрагата по правдата или, уште пострашно, да ги затвориме очите и да бидеме неми набљудувачи“ – се наведува во описот на книгата.

Поврзани новости