Десетици полицајци добиле отказ за „крвавиот четврток“ во Собранието

by fokus

Десетици полицајци кои непрофесионално си ја извршиле работата на 27 април, кога се случи „крвавиот четврток“ во Собранието, добиле откази, неофицијално дознава „Фокус“ од добро упатени извори.

Според нашите извори, решенијата за отказ биле потпишани во петокот, а денеска полицајците почнале да ги подигаат.

Според неофицијални информации отказ добил целиот кордон полицајци кои биле пред Собранието и уште неколку други и тоа за наводно непревземање мерки во момент на извршување на кривично дело.

На неодамнешниот брифинг кој министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го имаше со новинарите истакна дека засега суспендирени се 42-ца полицајци, а против 70 се водат дисциплински постапки.

„Фокус“ чека официјална информација од МВР.

В.В.

Поврзани новости