Кекеновски: На 11 декември да ги казниме сите што посеаја зло насекаде!

by fokus

Вечерва Коалицијата за Промени и Правда, одржа митинг во Гази Баба, каде свое обраќање имаше Јове Кекеновски, носител на изборна единица 2.

„Требаше да поминат 25 години за да на политичката сцена се појави трета опција. И тоа не било каква (реда – ради) трета опција, туку автентична опција составена од ДС, ФРОДЕМ, МОРО РП и ДЕМОС. Коалиција која гравитра не само во центарот туку и лево и десно од него. Па оттука и стравот кај коалициите на ДПМНЕ и СДСМ“, рече Кекеновски.

  Според него, како никогаш досега во сите овие изминати 25 години на Македонија и е потребна трета опција.

Таа е потребна затоа што и едните и другите посеаја голема омраза, страв и реваншизам, некои покажаа и невиден арамилак и лажен патриотизам.

„Овие на власт отидоа дури дотаму да не поделија по сите основи, Не поделија на: ваши и наши, на антички и словени, на професори и контрапрофесори, на студентски пленуми и контрапленуми, на гдомци и шарени. Нема област или ситуација каде не сме поделени. Во таа нивна меѓусебна борба за власт, Р. Македонија потона на морален план, економски, правен, социјален, на финансиски па и меѓународен план. Не уништија на демографски план, ја донесоа белата чума, не осиромашија, не понижија. И затоа крајно време е да му кажеме ,,НЕ” на стравот, очајот, сиромаштијата и безнадежноста во која живееме. Потребно е со прст да ги покажеме и да ги казниме сите оние кои го посеаја семето на злото на овие простори“, порача Кекеновски.

Поврзани новости