Советниците на Град Скопје денеска изгласаа одлука на Кејот 13-ти Ноември да се изгради пристапна улица со режим на сообраќај. Таа ќе биде наменета за пристап до новите згради кои се наоѓаат на плоштад Македонија и во околината. Договорот за изградба на оваа улица, Град Скопје го потпиша со о компанијата „Дивелоп груп“.
Според Градот, улицата ќе се гради веднаш до ѕидот на кејот, и е во согласност со деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од страна на Советот на општина Центар во декември 2012-та година. Пристапната улица ќе се протега од улицата Филип II до зградата на „Телеком” на плоштад.
Според првичните планови, оваа улица која сега ќе поминува веднаш до рестораните на кејот, требаше да биде подземна. Потоа со промените на ДУП-от Мал Ринг се и направи измена пристапната улица да биде надземна.