Ќе се распише референдум за Законот за амнестија

by Фокус

Владата доставила одлука до Државната изборна комисија за распишување на референдум за измени на Законот на амнестија, соопшти денеска Мери Николова од Граѓанската иницијатива за измени на овој Закон пред роднините на затворениците кои протестираа пред Владата. Измените кои ги бараат семејствата на затворениците се  да се ослободат затворениците кои одлежале повеќе од половина од казната, поради лошите услови и пренатрупаноста во затворите.

Овој референдум предвидува собирање на 10.000 потписи за поддршка на измените на Законот за амнестија. Доколку 10.000 граѓани се потпишат, референдумот ќе биде успешен.

Инаку, на денешниот протест пристуствуваа околу 50 роднини на затвореници. Тие ја блокираа улицата Илинденска пред Владата, а според очевидци, во еден момент се обиделе и да влезат во зградата. Мери Николова обвини дека полицијата применила прекумерна сила и ќе бара да се истражи случајот.

Поврзани новости