Ќе се распушти ли денеска Собранието?

by fokus

На дневниот ред на Собранието денеска се две точки: одлуката за носење на буџетот за идната година и предлог-одлуката за распуштање на Собранието. Иницијативата за распуштање на Парламентот ја поднесе СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ ја услови со носење на Буџетот.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, минатата недела изјави дека Парламентот ќе се распушти веднаш штом биде изгласан буџетот за 2017 година. Во нормални услови, собраниската расправа за буџетот може да трае до пет дена.

Што се однесува до законските измени што ги бараше СЈО, за продолжување на мандатот и за заштитените сведоци, нема никакви најави дека ќе се најдат на дневниот ред.

Поврзани новости