СДСМ: Пораката од митингот на ДПМНЕ е дека е време за крај на режимот

by fokus

СДСМ го оцени како дебакл вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во салата „Борис Трајковски“. Од опозициската партија велат дека митингот ги демантирал лажните анкети на институтите „Павел Шатев“ и „Димитрија Чуповски“.

-Време е за крај на режимот на Никола Груевски. Ова е пораката што громогласно одекна од дебаклот вчера во салата „Борис Трајковски“. Ова е пораката од македонските граѓани упатена директно до шефот на фамилијата која 10 години ја тормозеше Македонија, а вчера имаше проштален настап пред своите уценети сопартијци и киднапирани службеници. Дебаклот во „Борис Трајковски“ сурово ги демантира лажните анкети на Павел Шатев и Димитрија Чуповски. Дебаклот ги потврди стравовите на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков дека време е за разделба со лускзузниот живот на грбот на сиромашните граѓани. Дебаклот потврди дека време е за крај за газењето врз луѓе на братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков и дека веќе никој не им се плаши. Дури и најверните поданици веќе не им се плашат – сендвичите ги јадеа во „Скопје сити мол“ додека шефовите на фамилијата се потеа во „Борис Трајковски“ со говорите со очајнички ветувања во кои ни самите не веруваат, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости