СТУДИЈА: Сиромаштијата кај граѓаните е од недоволното внимание на говорите од Груевски!

by lali 10:53
10:53

Веднаш по вчерашниот 70 минутен говор на Никола Груевски во салата Борис Трајковски, институтот Павел Шатев заедно со Димитрија Чуповски направија „научно“ истражување на кое се покажува дека голем процент од оние луѓе чии умови биле на друго место додека траел говорот на Груевски се во значително поголем ризик за сиромаштија од луѓето кои се платени да ги следат и на нив да обрнат особено внимание демек нешто навистина од тоа што го збори ќе се случи.

По резултатите од студијата, аналитичарите ги советуваат луѓето да не мислат на своите секојдневни проблеми како што се последица на немаштијата и на сиромаштијата, неисплатените кредити и извршителите пред врата, туку едноставно да седат дома пред своите телевизори, или да присуствуаат на некој од митинзите каде „лажно“ обвинетиот Никола Груевски држи говор и задолжително да посветат повеќе внимание на тоа што тој го говори и ветува.

- Advertisements -

Иако сите говори му се исти, тој продолжува да ги чита, неможејќи да ги научи на памет, вклучувајќи во нив клучни зборови како инвестиции, црни сценарија на опозицијата, лоши смешки за опозицијата, 63 пратеници, народот, силна економија, ми текна.. по 18ти пат.

Тие фрази и зборови што 10 години ги вергла, можеби, нема вистински да ја подобри моментална состојба на граѓаните и нема да ги спаси од сиромаштијата во која се наоѓаат, но барем за миг може да им направи да се чувствуваат блажено дека живеат во Македонија, земја лидер во регионот по сѐ и сешто.

А сето тоа другарот Слободан убаво го срочи во еден твит: „Во Македонија луѓето мислат дека можат да јадат нездрава храна, да дишат загаден воздух, да гласаат за ДПМНЕ и да живеат 100 години.“

 

Напомена: Вестите се измислени и сатирични и служат како пародија од моменталните политички збиднувања во државава. Но не ја исклучуваме можноста тие во иднина по некоја случајност да станат реални и точни.

Поврзани новости