Казни до 4.000 евра за градинките ако инспекторите најдат невакцинирано дете

by fokus

Државните здравствени и санитарни инспектори денеска повторно продолжуваат со контроли по градинките, по времената мерка забрана за прием на невакцинирани деца со МРП вакцина, информира за „Мета“ директорката на инспекторатот, Ирина Бухова.

– Нашите инспектори се на терен откако започна забраната. Од сите градинки кои досега се поминати на територија на Скопје, во ниту една не беа направени отстапки. Но, морам да нагласам дека сепак најверојатно поради празниците и распустот, во градинките беа згрижени многу мал број на деца. Од денеска контролите продолжуваат и ќе траат се` додека е на сила решението за забрана за прием на невакцинирани деца – информира Бухова.

Како што истакна Бухова, ќе следат и парични казни доколку некое дете во градинката биде затекнато невакцинирано.

– Казната за правното лице се движи од 2.000 до 4.000 евра, а одговорното лице треба да плати 30 отсто од одредената сума за правното лице – вели директорката.

Поврзани новости