Казнети 325 несовесни возачи, од кои 128 возеле со пречекорена брзина

by Fokus

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и  нерегистрирани возила 11, 9 санкционирани мотоциклисти, 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152), а изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости